Британската полиција неколку часа неуспешно трага по Емилијано Сала и неговите сопатници на приватниот авион што исчезна на англискиот канал минатиот месец. Овој голгетер имаше извонредна полусезона во дресот на Нант, по што минатата седмица потпиша договор со Кардиф, за 15 милиони фунти станувајќи најскапо засилување во историјата на велшкиот премиерлигаш.
Сала се врати назад во Франција за да се прости од поранешните соиграчи, но летот кон Кардиф за жал најверојатно се покажа кобен. Француската полиција и раководството на Нант потврдија дека голгетерот бил еден од двајцата патници на авионот за кој се стравува дека се урнал поради лошо време над британскиот канал.
„Свесни сме за ситуацијата и со загриженост очекуваме нови информации од властите“ – изјави претседателот на Кардиф, Мехмет Далман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА