Ужасни сцени на рели трката од светскиот гранд при во Перу, откако рускиот возач на камион Андреј Каргинов прегази еден навивач кој ја следел во групата трката среде пустина.
42-годишниот Каргинов е искусен возач кој во 2014 година победи на релито Дакар, а оваа година по пет етапи беше на третото место со максимално изгледни шанси да го освои и врвот. Но, на трката во Перу со својот три тона тежок камион налета на група навивачи по што настрада навивач од Јужноафриканската република.
Несреќникот веднаш бил префрлен во болница, извршена е хируршка интервенција и е надвор од животна опасност. А, Каргинов е суспендиран од понатамошно учество во трката.
„Каргинов не беше ни свесен дека прегазил човек. На височинка меѓу група од пет гледачи, четворица успеале да побегнат а еден се сопнал и останал под задното тркало на камионот. Андреј, секако, не ни ги видел“ – изјави шефот на клубот за кој настапува Андреј Каргинов.
Но, дали Каргинов ги приметил или не навивачите проценете сами од видео материјалите од самата трка и инцидентот кој е на временскиот исечок – 5:09…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА