Во фудбалскиот шампионат на БиХ се случи немил настан. Фудбалерот на Витез, Марко Јевтиќ, на дуелот со Челик заработи тешка повреда, по која беше веднаш пренесен во болница и опериран, а неговиот клуб официјално потврди дека тој го загубил бубрегот и ја завршува кариерата.
„По тешката повреда Јевтиќ беше префрлен во болницата во Зеница, каде и итно е опериран, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот бубрег. Шокирани сме од ваквиот развој на настаните, но му посакуваме неговата здравствена состојба да се подобри во најкус можен рок. Тој се наоѓа на интензивна нега, и со оглед дека има 34 години, јасно е дека неговата фудбалска кариера е завршена“, извести фудбалскиот клуб Витез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА