Ужас во Денвер: Десет лица ранети за време на прославата на титулата (ВИДЕО)

Полицијата во Денвер официјално соопшти дека десет лица се ранети во ноќта кога градот ја славеше првата историска титула во НБА лигата. Од десет ранети, три во моментов се во критична состојба.

Огнената престрелка се случила на 2 километри од салата каде што Денвер го совлада Мајами во петтиот натпревар во финалето на НБА лигата, и така тимот дојде до титулата со победата од 4-1.

„Првите информации говорат дека се испалени повеќе куршуми во караница која настанала помеѓу неколку лица“, соопштија од полицијата додавајќи дека истрагата е многу сложена.

Инаку полицијата го уапсила и главниот осомничен, кој исто така бил со повреди.

Се вчитува...