Ужас во Италија: Навивач на Аталанта избоден до смрт во тепачка со навивачите на Интер

26-годишен навивач на Аталанта беше избоден до смрт за време на судирите во Бергамо меѓу фановите на тимот и на фановите на Интер. Ова се случило синоќа, а жртвата била избодена во пределот на грбот.

И покрај тоа што екипите на брза помош пристигнале брзо на  местото на настанот, сепак, не успеале да му го спасат животот. Полицијата веднаш го уапси главниот осомничен.

Се вчитува...