Турција ја потресе страшната вест за вооружениот напад на Серхат Акин поранешен турски репрезентативец кој работи како стручен коментатор на турската телевизија.
Се се случи по натпреварот од Лига Европа меѓу Фенербахче и Унион СГ (2:1), кога несреќниот Акин го напушти телевизиското студио во квартот Бејкоз, а потоа пукаа во него.
Акин брзо бил префрлен во блиската болница, а по вооружениот напад се огласил на својот Инстаграм профил споделувајќи фотографија од скршениот зглоб и стапалото.
Предупредуваме дека содржината е од вознемирувачка природа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА