Две лица загинаа, а две се повредени кога избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција , соопштија локалните власти.
Според извештаите на медиумите, меѓу жртвите се познат турски скијач и неговиот син, кој беше еден од седумте турски спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.
Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, а ја потврдил градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, јавува турската телевизија НТВ. Прелиминарните извештаи покажуваат дека за време на пожарот во хотелот престојувале 12 лица.
Според турските медиуми, жртвите биле Јахја Уста (57), поранешен скијач и неговиот син Беркин Уста (25), кој скијал за Турција во Пекинг.
По трагедијата, хотелот бил затворен и евакуиран поради истекување на неговата туристичка дозвола, која не била обновена. Пожарот е ставен под контрола, а истрагата е во тек,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА