Борусија Дортмунд остана без класичен централен дефанзивец откако Нико Шлотербек се приклучи на листата повредени фудбалери на „милионерите“. За малерот да е поголем, германскиот репрезентативец се повреди буквално во последните секунди од синоќешниот меч со Барселона, судијата потоа означи крај на мечот, лекарите долго му укажуваа помош на дефанзивецот, по што тој на носилки беше изнесен од теренот.
Првите прогнози велат дека станува збор за тешка повреда на скочниот зглоб, откако Шлотербек лошо згазнал по обидот со глава да го израмни резултатот во амиот финиш.
„Ќе ја чекаме дијагнозата и потоа ќе видиме што точно ќе правиме. Она што можам да го кажам е дека ситуацијата не изгледа нималку добра“, изјави тренерот Нури Шахин веднаш по натпреварот.
Повредата на Шлотербек доаѓа неколку дена откако и Никлас Зиле заработи нова повреда и ќе отсуствува неколку месеци од терените. Шахин не може да смета ниту на повредениот Антон, кој летово пристигна од Штутгарт, па принудно мора да го игра Емре Џан како последен играч во одбраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА