Хрватскиот стручњак Игор Тудор претрпе уште еден пораз на клупата на Тотенхем, а мораше и да ја пропушти прес-конференцијата по натпреварот поради ненадејна семејна трагедија.
Избраниците на Тудор беа декласирани од Нотингем Форест (0-3) и испратени на работ на зоната за испаѓање, што го израмни 91-годишниот црн рекорд на тимот од Лондон. Тимот од Северен Лондон врза 13 натпревари без победа и со тоа го израмни црниот рекорд.
Веднаш по дуелот со „шумарите“, поранешниот играч и тренер на Јувентус беше информиран за трагедијата што му се случи на неименувано лице од неговото семејство.. Деталите се уште се непознати, но помошникот тренер Бруно Салтор им се обрати на претставниците на „седмата сила“ наместо Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

