Хрватскиот голман Иво Грбиќ заработи тешка повреда на натпреварот од турското првенство поради која беше изнесен од теренот. Грбиќ во самата завршница на мечот помеѓу Гезтепе и Ризеспор доживеа голема несреќа.
28-годишниот Хрват остана да лежи неподвижен откако се судри со напаѓачот на Гезтепе Ромуло Кардош.
Во таа прилика доби удар во пределот на главата, веднаш му беше укажана помош, а со возило на Брза помош беше изнесен од теренот.
На крајот Ризеспор беше убедливо поразен на гостувањето кај Гезтепе со 3-0.
Geçmiş olsun Grbic! 🤲
Göztepe’den Romulo Cardoso ile çarpışan Çaykur Rizespor kalecisi Ivo Grbic hastaneye kaldırıldı. pic.twitter.com/SgKNgK7m3S
— VTR Spor (@vtrspor) December 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА