Ужасна трагедија на „Монументал“ во Копа Либертадорес: Двајца загинати од кои едно 13-годишно дете (ВИДЕО)

Ужасна трагедија се случи синоќа на стадионот „Монументал“ во Чиле пред натпреварот меѓу Коло Коло и Форталеза од второто коло во Копа Либертадорес. Неофицијално, две лица загинале во стампедо а жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.

Група навивачи се обиделе да се пробијат до секторот „Кауполикан“, ја срушиле оградата и во тој момент настанало стампедо. Полицијата се обиде да ги растера навивачите, а ситуацијата ескалирала до крајност кога полициско возило употреби воден топ за да ја разбие публиката. Потоа настана хаос и уривање на заштитната ограда, под која две лица останале заробени.

Порталот „Депортиво“ дури наведува дека полициски транспортер прегазил 13-годишно момче и 18-годишна девојка бидејќи не ги виделе.

Додека натпреварот беше во тек, вестите за загинатите се проширија низ стадионот, а во 72. минута некои навивачи упаднаа на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот при резултат 0-0.

Се вчитува...