Ужасна вест од Франција. Поранешен фудбалер со повеќе од 500 настапи во Лига 1, доживеа напад добивајќи убодна рана во срцето! Станува збор за 40-годишниот Даниел Конгре, кој во текот на својата кариера го носеше дресот на Тулуз и Монпелје.
Сè се случили вчера околу 19 часот во луксузна вила во близина на Монпелје, каде што го пронашле Конгре во несвест откако изгубил многу крв од убодна рана во близина на срцето. Тој бил итно префрлен во Универзитетската болница во Монпелје и моментално е стабилен! Полицијата започна истрага за да ги утврди околностите, кои сè уште се нејасни.
Конгре е поранешен француски фудбалер кој играл за Тулуз, Монпелје и Дижон. Има и четири натпревари во Лигата на шампионите со Монпелје.
Тој има и седум настапи за француската репрезентација до 21 година, а моментално ја извршува улогата на спортски координатор во Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

