Реал Мадрид го претрпе првиот овосезонски пораз во Ла Лига откако „кралевите“ беа шокирани на гостувањето против Рајо Валјекано, на чиј гол повторно одличен беше Столе Димитриевски.
Реал прими три гола, но главната вина за поразот е насочена кон Лука Модриќ, кој го одигра својот најслаб меч оваа сезона. Прецизните статистичари пресметаа дека хрватскиот генијалец имал дури 17 загубени дуели и 10 промашени додавања, нешто што на Модриќ не му се случува речиси никогаш.
„Ова е прв пат да го видам Лука Модриќ да одигра волку слабо во последните 100 години. Лудо“, напиша еден фан на Реал Мадрид на твитер, за неколку часа добивајќи над илјада лајкови.
This is the first time in a 100 years I’ve seen Luka Modric have a bad game man. Crazy.
— WolfRMFC (@WolfRMFC) November 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

