Ужасни сцени на меч во ЛК: Хулигани нападнале навивачи од БиХ во воз

Голем инцидент се случил по натпреварот од второто коло во Лигата на Конференции помеѓу Мајнц и Зрински, кој се одигра во Германија. Според полицијата, група маскирани лица, нападнале група на навивачи од клубот од Босна и Херцеговина, кои се враќале од натпреварот со воз.

Околу 150 навивачи на Зрински отпатуваа во Германија, и во миговите кога оделе од Мајнц до Франкфурт, биле нападнати од 50 хулигани во 1:47 часот наутро. Напаѓачите почнале жестока тепачка која траела околу една минута, по што избегале од местото на настанот.

И натаму не е потврдено дали навивачите биле дел од навивачката група на Ајнтрахт Франкфурт, кои важат за едни од најнасилните во Германија. Полицијата веднаш почна истрага.

Се вчитува...