Ужасни сцени во Бирмингем: Полските навивачи запалија полицаец, а повредија уште тројца (ВИДЕО)

Нови ужасни сцени кога се во прашање полските навивачи кои предизвикаа вистински хаос во Бирмингем каде во Конференциската лига на УЕФА на меч против Астон Вила гостуваше Легија Варшава.

Во близина на „Вила парк“ дошло до силни судири меѓу англиската полицијата и навивачите на Легија, при што според пишувањата на англиските медиуми најмалку тројца полицајци се повредени од кои еден е запален. Веднаш е префрлен во болница со изгореници на телото, но е надвор од животна опасност.

Според официјалните информации, заедно со запалениот британски полицаец, повредени се вкупно четворица полицајци кои учествувале во смирување на немирите.

Немирите почнале откако на околу 1.000 навивачи на Легија го пристигнале во Англија не им бил дозволен влез на стадионот. Поради инцидентите на претходните натпревари во европските купови беше донесена одлука да не им се дозволи влез на синоќешниот натпревар. Тие го знаеле тоа, но и покрај сето тоа допатувале во Бирмингем, а откако останале пред стадион бесни што не успеле да влезат почнале со инциденти.

Се вчитува...