Ужасни вести: ММА борач почина откако се онесвести во тек на меч

Исак Џонсон, 31-годишен ММА борец, почина откако ненадејно се онесвести за време на борбата на „Матадор фајтер челинџ“ во Чикаго.

Според информациите објавени од NBC 5 Chicago, Џонсон ја изгубил свеста во средината на тепачката со Марио Александровски. Брзата помош брзо реагирала и го превезла во најблиската болница, но неколку часа подоцна беше потврдено дека починал.

Промотерот на турнирот, Џо Гојтија, нагласи дека Џонсон ги поминал сите медицински прегледи правилно пред натпреварот.

„Немам зборови да опишам како се чувствувам. Нашиот борец, Исак Џонсон, се онесвести кон крајот на борбата. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, но за жал не можевме да го спасиме. Им изразувам најдлабоко сочувство на неговото семејство, пријателите и соиграчите “, рече Гојтија.

Канцеларијата на судскиот вештак во округот Кук закажа обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додека полицијата започна официјална истрага.

Се вчитува...