Ужасни вести од Австрија: Голманот на репрезентацијата има тумор

Голманот на австриската фудбалска репрезентација Хајнц Линднер има рак на тестисите, објави играчот на социјалните мрежи денеска.

Репрезентативецот кој брани за Сион, кажа дека дијагнозата многу го погодила, и дека сега следува вистинска борба.

„За жал морам да ви кажам дека оваа сезона за мене во Сион и во репрезентацијата е готова. Неодамна ми е дијагностициран тумор на левиот тестис. Дијагнозата многу ме погоди. Пред неколку дена бев опериран, се мина добро“, напиша Линднер.

Тој додаде дека ќе биде подготвен да се врати на терените идната сезона. 32-годишниот Линднер бранеше за Австрија 36 пати. Покрај Сион, во минатото беше дел од Базел, Грасхоперс, Ајнтрахт Франкфурт и Австрија Виена.

Се вчитува...