Ужасни вести од САД: Во пукање повреден рагбист

Нови лоши вести доаѓаат од светот на спортот, овој пат од Соединетите Американски Држави, каде новиот член на Сан Франциско 49-ерс, Рики Пирсал, имаше хорор вечер.

Споменатиот 23-годишен дебитант во НФЛ беше застрелан во вооружен грабеж што се случи синоќа.

Грабежот се случил во центарот на Сан Франциско, а полициските извештаи наведуваат дека Пирсал минувал кога група разбојници отворила оган.

Американецот дошол во болница во тешка состојба, но ситуацијата сега е постабилна, јавуваат локалните медиуми.

Се вчитува...