Кошаркарот на Денвер нагетс, Арон Гордон нема да може да настапи на мајсторката против Оклахома сити тандер.
Гордон го повреди грбот во шестиот меч, имаше информации дека може да игра, но од тоа нема ништо.
Ќе му требаат неколку недели да се опорави, а тоа значи дека и доколку Денвер победи тој нема да биде на располагање во Конференциското финале против Минесота тимбервулвс.
Во тековната сезона тој имаше просек од 14,7 поени, 4,8 скока и 3,2 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

