Ужасни вести за капитенот на Хамбургер

Хамбургер со чудесе пресврт стигна до трите бода на тешкото гостување со Хофенхајм, но победата беше прескапо платена со оглед на тешката повреда што ја заработи Николај Ремберг.

Станува збор за клучен играч, капитен на бундеслигашот од Хамбург кој се повреди непосредно пред крајот на полувремето, со носилки беше изнесен од теренот и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен.

Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата, станува збор за кинење на лигаментите во коленото и пауза од најмалку шест месеци.

„Ремберг ќе мора да биде опериран и се очекува повеќе месеци да биде надвор од терените. Ова е  многу тежок момент за него лично, но и за целиот тим бидејќи тој е токму таков профил на фудбалер што отсликува што треба да претставува Хамбургер како клуб“, се вели во соопштението на клубот од Хамбург.

Се вчитува...