Ужасните бројки на Германија: Оваа селекција на Лев е најлоша во историјата?

Германската фудбалска репрезентација се соочува со сериозна резултатска криза, а урива и неславни статистички рекорди. Со поразот од Франција вчеравечер, првпат во историјата Германија запиша шест последовни неуспеси во една календарска година.

Пред Франција, тимот на Јоаким Лев губеше и од Бразил, Австрија, Јужна Кореја, Мексико и од Холандија. До крајот од годината, Германците ќе се соочат со Русија и со Холандија и ако не ги победат „лалињата“, ќе бидат исфрлени од дивизијата А во Лигата на нации.

Првпат по 18 години Германците немаат победа на четири последовни дуели и првпат врзуваат два порази на официјални натпревари. Исто така, во 2018 година Германија успеа да ја сочува мрежата само на еден натпревар што претходно се случило уште само во далечната 1964 година.

 

 

 

 

Се вчитува...