Репрезентацијата на Србија пропушти победа против Камерун во вториот свој натпревар на Мундијалот во Катар, од водство од 3-1 дозволувајќи на помалку смешен начин бледите Камерунци за две минути со два гола да дојдат до 3-3.
Веднаш стартуваа во Србија и критиките на сметка на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси кој се издвојува, поради начинот на водење на мечот, како единствен виновник за пропуштената победа.
„Не ги обвинувам играчите за ништо. Очигледно е дека не се добро физички подготовки, а кога го немаш тоа, тогаш немаш и концентрација“ – вели поранешниот српски репрезентативец Раде Богдановиќ, во анализата за мечот, притоа дополнувајќи:
„Но, мора ова да го кажам. Размислував, но мора да го кажам. Ние денеска одигравме натпревар без селектор на клупата. Никогаш досега не сум видел некој полошо да води натпревар на големи натпреварувања како Драган Стојковиќ – Пикси денеска. Ужасно. Вие при резултат од 3-1, кога екипата ви се вратила со пресврт, да пуштите петмина на висок пресинг, десет минути да не знаете кој каде се движи и како е поставен а да играте на Светско првенство. Како тренер на клупа па вие мора да размислувате. Со излегувањето на Павловиќ се случи потоп. Тие измени кои ги правеше никој никогаш нема да ги разбере што сакал со нив“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА