Ужасно злосторство во Бразил: 20-годишен фудбалер го уби претседателот на клубот

Страшна трагедија во Бразил го шокираше фудбалскиот свет изминатава ноќ.

20-годишниот фудбалер на бразилскиот третолигаш Национал Атлетико, Винисиус Корсини е осомничен за убиството на претседателот на клубот, Хозе Данилсон, пренесуваат бразилските медиуми.

Според полициските извештаи младиот фудбалер во клупските простории со неколку убоди со нож го прободел 58-годишниот Данилсон во врат и веднаш побегнал од местото на убиството. Присутните се обиделе да му помогнат на претседателот, но безуспешно.

Според сведоците, Данилсон и Корсини воопшто не биле во некаков меѓусебен конфликт, па дополнително треба да се испитуваат причините за таквиот грозоморен чин. Хозе Данилсон е поранешен градоначалник, и кандидат за пратеник во Бразил.

Се вчитува...