Бразил синоќа убедливо со 5-1 славеше против Боливија во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Но, приказната на мечот е напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон кој од игра излезе во 71. минута од средбата.
Познат е Ричарлисон како арогантен фудбалер кој често знае да ги тероризира противничките играчи, да ги исмејува навивачите па дури и сопствените соиграчи.
Но, сега очигледно е дека се наоѓа во тежок период од својата кариера. Беше очаен и на синоќешниот дуел за Бразил, а никако не успева да постигне погодок, по што очигледно се „скрши“ по седнувањето на клупата. Веднаш откако беше заменет е снимен на клупата како плаче затоа што не успеа да се запише во листата на стрелци во „голеадата“ против Боливија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

