Тренерот на Далас, Рик Карлајл не може да го сокрие воодушевувањето од игрите на Словенецот Лука Дончиќ на стартот од сезоната во НБА лигата.
Дончиќ веќе интензивно буди воздишки кај Американците, а комплетно вниманието го привлече со извонредната партија во триумфот против Хјустон…
„Не треба да зборувам за каков извонреден кошаркар се работи. А, има само 19 години. Тој едноставно не се плаши од ништо. Тој има лавовска храброст на терен. Може само да му порачам на кошаркарскиот свет да ужува во секој момент… Ова што го прави Лука не се гледа секој ден“ – вели Карлајл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

