Првото „Ел класико“ за оваа сезона е закажано само два дена пред католичкиот Божиќ, односно во сабота, 23. декември. Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите на „Сантијаго Бернабеу“ во 13 часот, мечот кој ќе се игра во рамките од 17. коло во шпанското првенство.
Спектаклот ќе го обележи и крајот на првиот дел од сезоната во Ла Лига, бидејќи по 17. коло следува пауза од неколку недели.
Според првичниот распоред од федерацијата, средбата требаше да се одигра на 20. декемри, но „кралевите“ токму во тој период ќе го бранат трофејот на Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА