Кога ќе победиш се е така убаво. Уживанција. И на тренинзите можеш да „уживаш“. Барем така делува од насловната фотографија, но за македонските репрезентативци нема одмор. И денеска одработија тренинг на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, во пресрет на пријателскиот натпревар против Белорусија, кој ќе се одигра во вторник, со почеток во 18 часот, на „Телеком Арена“.
Бодовите од Вадуз се в џеб, но Лихтенштајн е веќе заборавен. Следи ново докажување против Белрусија, иако се работи за пријателски меч. Но, кога се носи дресот на Македонија секогаш треба да се даде максимумот и да се оди на победа.
Селекторот Игор Ангеловски ги ослободи младинските репрезентативци и ги испрати кај Благоја Милевски, а за дуелот со Белорусија ќе го има на располагање Езгјан Алиоски, кој го прескокна Лихтентшајн поради жолти картони. Го повика и 16-годишниот Дарко Чурлинов, кој доколку дебитира ќе стане најмладиот фудбалер што заиграл за сениорскиот национален тим. Тој утре ќе им се приклучи на повозрасните свои колеги бво А-репрезентацијата.
[new_royalslider id=”556″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА