Екипата на Крива Паланка денеска славеше триумф во првиот меч од ВАБА 2 турнирот што овој викенд се одржува во Подгорица. Нашиот тим беше подобар од словенечката Јежица со 64-59.
Кошаркарките на Крива Паланка, се надминаа себеси, и забележаа четврта победа, која ги остава во игра за пласман на финалниот турнир од ВАБА 2 лигата. Финалните десет минути тимот кој го предводи Виктор Петровски го доби со (19-7) и од негатива од седум разлика, стигна до посакуваниот триумф.
Најдобра во редовите на македонскиот претставник во оваа конкуренција беше Алексис Пул која постигна 30 поени, Ниехус реализира 17 поени. Со оваа победа Крива Паланка се израмни со лидерот Илирија на делба на првото место, а утре претпладне, од 11 часот, се среќава со ушпте една словенечка екипа – Марибор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

