ВАДА бара суспензија од најмалку една година за Јаник Синер

Јаник Синер доминира на тениските турнири, но италијанскиот ас допрва го очекува клучниот момент во кариерата – одлуката на Спортскиот Суд за Арбитража за неговиот допинг-скандал.

За потсетување, Синер беше помилуван и покрај позитивниот допинг тест во март минатата година (вината беше префрлена кај неговиот физиотерапевт, кој во меѓувреме доби отказ), но светската анти-допинг агенција ВАДА поднесе жалба и инсистира прворангираниот светски тенисер да биде казнет согласно правилата.

Џејмс Фитџералд, кој е портпарол на ВАДА уште еднаш гласно побара да има целосно почитување на законите и правилата, нешто што според светската антидопинг агенција не било случај при изрекување на првата санкција во „случајот Синер“.

„Одлуката дека Синер не е виновен или дека позитивниот тест бил резултат на случајно внесување на забранета супстанца, не може да биде исправна според сегашните правила. Секако дека бараме суспензија, и тоа истата да изнесува меѓу една и две години неиграње тенис за Јаник Синер. Дозата што е забележана во примерокот не е важна бидејќи знаеме дека постојат супстанци за прикривање, она што е клучно е дека Синер бил позитивен на тестирањето и треба да биде казнет поради тоа. Без почитување на принципите на антидопингот, оние кои се допингуваат ќе победат и ќе остварат резултатска предност на нефер начин. Ако го нарушиме овој систем, измамниците во иднина се почесто ќе избегнуваат сериозни санкции“, изјави Фитџералд.

Информациите од Италија говорат дека конечната одлука од Спортскиот Суд за Арбитража ќе биде донесена на 16 или 17 април.

Се вчитува...