ВАДА: Франција и ПСЖ не се под истрага

Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти дека фудбалската репрезентација на Франција и фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен не се под истрага поради користење на спорните кофеински мастики.

„Не сум запознат со ситуацијата. Во секој случај кофеинот не е на листата на забранети супстанци. Тој останува во нашата програма за надгледување, но моментално не е забранет“, изјави Џејмс Фицгералд, портпаролот на ВАДА. 

ВАДА која е формирана во 1999 година со седиште во швајцарската Лозана и канадски Монтреал има свој самостоен одел за собирање информации и отворање истраги.

Се вчитува...