ВАДА го чинеше две финалиња, а сега преку суд доби извинување

Францускиот фудбалер Мамаду Сако доби финасиска спогодба и јавно извинување од Светската антидопинг агенција ВАДА, поради клевета и навреда. Сето ова се случи поради случајот на допинг од 2016 година, кој по една година беше одбиен.

„ВАДА потврдува дека го реши спорот со господинот Сако“, стои во соопштението од ВАДА. 

Сако на лондонскиот суд бараше оштета од 16,7 милиони фунти поради коментарот на ВАДА околу неговиот случај. Тој во тоа време играше за Ливерпул, а УЕФА го суспендираше поради сомневање дека бил позитивен на натпревар од Лигата на Европа. Тој го пропушти полуфиналето од ова натпреварување во 2016 година, а поради тоа не беше дел ни од репрезентацијата на Франција на ЕВРО шампионатот каде „триколорите“ играа во финалето.

Се вчитува...