Светската агенција за борба против допинг (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во врска со „допинг-скандалот“ на италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Одлуката на Судот за спортска арбитража ќе се знае во февруари следната година. Но, до тогаш од ВАДА тврдат дека Синер мора да добие суспензија. Директорот на ВАДА, Оливие Нигли истакна дека нема да дозволи случајот да се заташка.
„Првичната одлука е дека Синер нема одговорност, но нашата позиција е поинаква. Ние сметаме дека постои одговорност затоа што играчот е тој кој ги одбира соработници и на некој начин одговара за нивните постапки“ – вели Нигли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА