Орландо триумфираше со 118-119 на гостувањето против ЛА Лејкерс во најдраматичниот меч од синоќешната програма во НБА лигата.
Леброн Џејмс имаше одлична партија, завршувајќи со 31 поени, 10 скока и седум асистенции, но не му помогна на својот тим да го избегне поразот само поради извонредната тројка на Франц Вагнер на само две секунди пред крајот за победа од 118-119.
Франц со 37 поени, шест скока и 11 асистенции, заедно со својот брат Мориц кој постигна 19 поени, го водеа Орландо до победата.
FRANZ WAGNER GAME WINNER OVER THE LAKERS 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/8yL14KwPIb
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 22, 2024
На останатите натпревари Шарлот славеше против Детроит со 123-121, по продолжение, Торонто ја победи Минесота со 110-105 а Сан Антонио славеше против Јута со 126-118.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА