Шампионот на светот во ВБЦ верзијата во тешка категорија, Дионте Вајлдер верува дека би можел да му парира на Мајк Тајсон од неговите најдобри години во рингот. 34-годишникот се спореди со формата на Тајсон во една од најдобрите години на легендарниот Американец, 1986.
„Јас против Тајсон од 1986? Сигурно би го победил тој човек. Знам дека луѓето секад ја споредуваат старата со новата школа, но најозбилно кажувам дека не постои таква школа која јас не можам да ја добијам“, изјави Вајлдер.
Вајлдер на 23. февруари во Лас Вегас го очекува мегапресметка против Тајсон Фјури. Многу брзо дојде и одговорот од Тајсон.
„Не знам дали би го победил или не, но ми се допаѓа како размислува. И јас размислувам на тој начин. Така и треба да размислува затоа што е светски првак во тешка категорија, а тоа е нешто посебно“ – вели Мајк Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА