Вајлдер: Го имам најсилниот удар во историјата на боксот

Деонте Вајлдер се опишува себе си како човекот со „најсилен удар во историјата на боксот“. Ваквата изјава доаѓа по победата против Луис Ортиз во Лас Вегас со нокаут во седмата рунда. Со тоа Вајлдер ја одбрани титулата ВБЦ верзијата во тешка категорија и победи на 42-та од 43 борби во кариерата.

„Мислам дека заслужив почит. Јас имам најсилен удар во историјата на боксот. Точка“ – вели Вајлдер.

За Вајлдер ова беше десетта одбрана на ВБЦ титулата од јануари 2015 година. Единствената борба што ја нема добиено е нерешениот исход против Тајсон Фјури минатата година. Римечот на Вајлдер и на Фјури е закажан за 22 февруари следната година.

 

 

 

Се вчитува...