Борба меѓу Деонтај Вајлдер и Ентони Џошуа на 13. април на „Вембли“ нема да има.
Иако Британецот јавно го предизвика ВБЦ шампионат за борба во Лондон на 13. април, во која би биле обединети титулите, од тоа нема да има ништо. Вајлдер јасно порача дека нема смисла да прифати борба со Џошуа, затоа што се уште има нерасчистени сметки со Тајсон Фјури.
„Би било многу глупаво да се борите со некој друг кога веќе имате борба за која сите зборуваат. Тоа би било глупаво… Дефинитивно сум за борба со Фјури. Ние двајца мора да имаме реванш, затоа што кога веќе сте имале контроверзен меч тогаш мора да ја повторите“ – вели Вајлдер.
Следниот противник на Џошуа најверојатно ќе биде Дилијан Вајт кој по победата изминатиов викенд над Дерек Чисора доби шанса повторно да се бори со Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА