Деонтеј Вајлдер го отпушти тренерот кој ја фрли крпата и го прекина мечот со Тајсон Фјури. Американскиот боксер кој ја загуби титулата во тешка категорија вели дека одлуката дека не е емотивна туку рационална. По прекинот во седмата рунда и победата на Фјури, Вајлдер беше бесен на тренерот Марк Бреланд затоа што тој, а подоцна беше објавено дека и главниот тренер, Џеј Диас не се согласувале со ваквата одлука.
Вајлдер објави дека ќе ја активира клаузулата за римеч што значи дека ќе има трилогија во овој голем боксерски дуел, а во продолжението Вајлдер ќе оди со нов тренер.
„Лут сум му на Марк, многу пати сме зборувале за ова и затоа мојата одлука воопшто не е емотивна“ – вели Вајлдер.
Сепак голем дел од познавачите како и поранешни боксери имаат став дека одлуката за барање на прекин беше вистинска со оглед на состојбата во која се наоѓаше Вајлдер. Инаку тренерот Бреланд е проанешен олимписки шампион кој во кариерата имаше 35 победи и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА