Деонте Вајлдер дефинитивно нема намера да влезе во ринг со Ентони Џошуа додека не му даде шанса за реванш на Тајсон Фјури. Вајлдер и Фјури имаа одличен дуел што заврши без победник, шампионскиот појас остана кај Американецот, но поради гласните реакции на јавноста тој размислува за нова битка со Фјури, наместо на борба со Џошуа за обединување на титулите.
„Не гледам зошто би се борел со Џошуа, тоа би било глупаво од моја страна. Сега веќе имам борба за која сите зборуваат, јас и Фјури мораме да имаме реванш за да го затвориме тоа поглавје. Тоа беше контроверзна судиска одлука, јас мислам дека јас требаше да победам, тој и неговите фанови го мислат спротивното, затоа мораме да ја повториме битката, тоа е единствената правилна одлука“ – истакна Вајлдер.
Американскиот боксер и веднаш по борбата со Фјури даде слична изјава, порачувајќи му на Џошуа дека премногу одолговлекувал кога му се нудела борба со него, па сега ќе треба тој да почека да мине реваншот меѓу Вајлдер и Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА