Џејкоб Вајли и неговата Сарагоса се први учесници во полуфиналето на кошаркарската Лига на шампиони откако во четвртфиналето славеа со 78-86 над рускиот Нижњи Новгород.
Клучната разлика за триумф на овој меч шпанскиот тим ја направи во третата четвртина која успеа да ја добие со девет поени разлика.
Во полуфиналето Сарагоса го очекува подобриот од дуелот меѓу Нимбурк и Пинар Каршијака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА