Вајли: Не ме интересираат математики, само победа и ништо друго

Македонската кошаркарска реперзентација денеска од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2023 на кој силите ќе си ги одмериме со репрезентацијата на Словачка.

По убедливиот триумф над Словаците во првиот меѓусебен натпревар, Македонија само чудо може да ја спречи да не избори едно од првите две места во групата. Сепак за „црвено-жолтите“ нема да има калкулации, а победата е единствениот императив.

„Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до потцртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место“.

„Погледнете што се случи на вчерашниот меч со Швајцарија. Тие ги потценија во последниот период и за малку ќе беа казнети. Словаците се доста жилава, еластична екипа, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40. минути. Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот“ – изјави пред дуелот еден од најдобрите во нашите редови, Џејкоб Вајли.

Се вчитува...