Македонија следната година ќе има претставник во првата АБА лига откако членот на репрезентацијата Џејкоб Вајли стави потпос со црногорскиот шампион Будуќност.
Крилниот играч во главниот град на Црна Гора доаѓа од предовите на Сарагаоса, а вели дека се радува на шансата за настап во Јадранската лига и дека сега се осеќа како вистински Балканец.
„Да, можам да кажам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија. Ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Видете, полека но сигурно станувам Балканец Ми се допаѓа тоа. Во Будуќност доаѓам затоа што важи за доста славен клуб на овие простори. Но и за можноста да играм во Европските купови, во се посилната Јадранска лига, но и за тренерот Александар Џикиќ за кој добив само пофални зборови. Меѓу другото, и дека бил селектор на Македонија. Се надевам дека тоа ќе биде добра и добитна комбинација во сезоната која следува“, вели Вајли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА