Вајли пред Унгарија: Ако го намалиме бројот на грешки, се е возможно

Џејкоб Вајли одигра извонреден натпревар против Романија, целосно преземајќи ја лидерската улога во нашата подмладена национална селекција.

Крилниот центар не го крие разочарувањето што тој добар меч не беше крунисан со триумф во Куманово, но верува во потенцијалот што го поседува македонската репрезентација.

„Имаме доста млади играчи, недостасува искуство, но “вајбот“ е тука, енергијата е добра. Имаме доста позитивни работи во соблекувалната, имааме одлична атмосфера. Имаме млад тим, има голем ентузијазам во овие млади играчи. И тоа треба да го „билдаме“ во деновите кои следуваат. тоа е јасно“. „Еве на пример оној меч со Романија, мислам дека се победивме сами себе. Имавме неверојатно добра атмосфера на трибините, но направивме премногу грешки. Многу повеќе на оној ментален план. Но исто така сакам да го истакнам сиот оној напор, голем напор, обидите да бидеме победници на тој меч. Тоа е навистина воодушевувачки за овој наш тим“, вели Вајли.

Останува надежта дека Македонија ќе се покаже во уште подобро светло на вториот меч од овие претквалификации, што нашите кошаркари го играат денеска во 18 часот во Солнок против Унгарија.

„Ги гледавме, имаавме видео-анализа на нивната игра против Романија, Имаа добар почеток, но како одминуваа минутите нивната игра бележеше пад. Романците ги победија, не гледам причина зошто не би го направиле тоа и ние овде во Солнок. За да биде такa, треба да ја задржиме онаа енергија која ја имавме и ја употребивме на дуелот со Романците. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на грешки, оние од технички карактер, да имаме што помалку загубени топки. Добро да го градиме рекетот, бидејќи имаат предност во височина. Сето тоа се работи преку кои овој тим треба да “расте“, да се гради низ овие натпревари. На добар пат сме да го направиме тоа, ова е само една станица. Имаме свои шанси, сакаме да ги искористиме, и тоа ако може, веднаш, во овој меч со Унгарија, кој извесно, ќе сакаат да ги поправат грешките од гостувањето кај Романците, и да победи пред својата публика“ – оптимистички е расположен американскиот кошаркар во македонскиот национален тим.

Се вчитува...