Вајли пристигна, репрезентацијата е комплетна (фото)

Македонскиот национален тим од денеска е комплетен откако во Гевгелија пристигна и американскиот кошаркар Џејкоб Вајли, кој треба да даде квалитет плус во нашиот состав во претквалификациите за СП 2025 во кои „црвено-жолтите“ за ривали ќе ги имаат Унгарија и Романија.

Вајли до неодамна имаше обврски на клупски план, но Американецот без многу размислување ја прифати поканата да дојде и да помогне на оваа подмладена македонска селекција да се прикаже во што подобро издание во наредните натпревари.

Тој утрово пристигна во хотелот „Аполонија“ приклучувајќи се на остатокот од репрезентацијата, а од вечерва ќе почне и со тренинзи со остатокот од екипата.

Македонија утре и задутре ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Швајцарија, кои ќе бидат единствени контроли пред почетокот на претквалификациите и премиерниот дуел со Романија што ќе се игра на 2 август во Куманово.

Се вчитува...