Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли е меѓу петте најдобри кошаркари на последниот круг од квалификациите. Вајли против Естонија дојде до уште еден дабл-дабл ефект.
Крилниот центар на „црвено-жолтите“ постигна 18 поени имаше и 14 скока, плус и три блокади. Беше еден од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме. Воодушеви со играта во одбрана, но имаше и неколку атрактивни забивања, во свој веќе препознатлив стил.
? @Jwiley_24 IS A MAN POSSEDSSED RIGHT NOW!#EuroBasket pic.twitter.com/Qut2oPMCcV
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 22, 2021
Вајли има и највисок индекс во шестото коло – 31. Но и покрај тоа, во гласањето за МВП на колото што го спроведува ФИБА, се наоѓа зад босанскиот репрезентативец Кенан Камењаш. За него досега гласале 78% од читателите, а Вајли е трет, зад Гркот, Христор Салустрос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА