Вајналдум е херојот на Рома против Сампдорија.

Рома славеше со3-0 над Сампдорија израмнувајќи се со Интер на делба на третото место на табелата. Во главна улога беше Вајналдум, кој го постигна првиот гол на мечот, а потоа над него беше направен пеналот по кој Дибала ги постави конечните 2-0.

Сампдорија изненади со офанзивна игра во првите дваесетина минути, но како што одминуваше времето, така Рома ја преземаше контролата. Вајналдум го погоди дирекот, а римјаните имаа уште неколку убави шанси за гол во првото полувреме што не успеаја да ги реализираат.

Клучен момент на натпреварот беше 52. минута и вториот жолт картон на Мурилјо, по што гостинскиот играч ги остави соиграчите на цедило. Рома целосно го презеде поседот на топката, успевајќи да поведе кога Вајналдум со глава од пет метри ја смести топката под гредата.

„Волчицата“ не дозволи противникот посериозно да се закани до крајот на мечот, но успеа и да постигне втор гол, Дибала беше стрелец од белата точка откако Вајналдум умешно втрча во шеснаесетникот и беше соборен од голманот на Сампдорија.

Додека навивачите го очекуваа крајот на мечот, Ел Шарави во 94. минута ги постави конечните 3-0, со прецизен шут од прва од петнаесетина метри.

Се вчитува...