Џио Вајналдум ќе паузира најмалку три месеци од фудбалските терени по тешката повреда што ја заработи на минатонеделниот тренинг на Рома.
Холандскиот репрезентативец има скршеница на потколеницата, а по консултациите со неколку специјалисти Вајналдум на крајот решил да не замине на операција, туку со „конзервативни третмани“ да го санира проблемот.
Како што јавуваат италијанските медиуми, тоа ќе значи пауза од три до четири месеци од терените. Со ова, исчезнаа сите шанси Вајналдум да може да настапи за Холандија на претстојниот светски шампионат во Катар, огромен проблем за селекторот Ван Гал во пресрет на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА