Вајналдум: Не можам да кажам дека сум целосно среќен во ПСЖ

Џорџино Вајналдум изјави дека не е во потполност среќен во ПСЖ, но и дека не се’ онака како што се надевал кога ќе се пресели од Ливерпул во Пари Сен Жермен.

Во летниот преоден рок, Вајналдум го напушти Ливерпул како слободен играч и се пресели во тимот на „светците“. Од играч кој беше стартер практично на сите натпревари и една од најважните алки во тимот, Вајналдум стана некој што треба да се бори за место во тимот. Холанѓанецот вели дека не е во посакуваната ситуација во која се надевал.

„Не можам да кажам дека сум целосно среќен бидејќи ова не е баш ситуацијата што ја посакував. Но, тоа е и фудбал и ќе треба да научам да се справувам со тоа. Јас сум борец и ќе мора да се борам за да ги свртам работите“, рече Вајналдум во интервју за НОС.

Холанѓанецот додаде дека секој играч секогаш чувствува грижа и товар кога не се наоѓа во стандардниот во тим.

„Играв многу во претходните години, секогаш бев здрав и подготвен и мислам дека придонесов за тимот на добар начин“, изјави Вајналдум.

Се вчитува...