Холандскиот фудбалер Џорџино Вајналдум е претставен како нов играч на Рома. Во Рим стигна од таборот на ПСЖ каде што не ја доби вистинската шанса, а сега ќе има прилика да се докаже пред очите на Жозе Мурињо.
Исто како и на Дибала, во Рим на Вајналдум му е приреден топол дочек од навивачите на „волчицата“.
„Многу е убаво да се биде тука. Сите ми рекоа дека доаѓањето во Рим ќе биде голем чекор во мојата кариера. Клубот беше упорен да ме донесе. Пријатно сум изненаден. Од првиот момент навивачите кои ме почитуваат и кои се среќни поради тоа што доаѓам во овој клуб. Многу е добро чувството да видите навивачи кои се среќни што сте заедно“, рече Вајналдум.
Вајналдум доаѓа во Рома како позајмен од ПСЖ, со задолжителен откуп доколку тимот од Рим заврши меѓу првите четири места на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

