Вака ќе изгледа новиот Вардар, Борко Ристовски – тренер на голманите во новата сезона

Првиот човек на РК Вардар Михајло Михајловски и капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција открија детали како ќе изгледа македонскиот шампион во новата сезона.

Михајловски го откри тимот кој ќе настапува следната сезона само во домашниот шампионат, а потврди и дека Борко Ристовски ќе биде тренер на голманите.

Ова е тимот кој ќе го има Вардар следната сезона:

Голмани: Томовски и Гогов, Борко тренер на голмани

Десни крила: Гоце Георгиевски, Ќосевски, Ѓукиќ.

Десни бекови: Куни Моралес, Савревски.

Среден бек: Карапалевски, акому дозволи Киелце на Додиќ, тој сака да дојде иако не играме ЛШ, ако не дојде Додиќ ќе дојде нов среден бек. Имаме договор и со Гаџа, кој се враќа во декември.

Леви бекови: Талески и Мишевски.

Леви крила: Тимур Дибиров (реков дека треба да се видам со него, не сакам ни да помислам дека тој нема да сака да остане), тогаш можеме даму се заблагодариме на Чувара и да најдеме македонското лево крило

Пивоти: Стоилов, Атанасовски и Милан Лазаревски.

Тренер: Недановски, негов помошник Петрушевски

Се вчитува...