Ваков човек еднаш се раѓа: Канте сам ќе плати да продолжи потрагата по Сала

Додека голем број на фудбалски ѕвезди предводени од Меси и Агуеро со постови на социјалните мрежи повикуваат да биде продолжена потрагата по Емилијано Сало, единствениот што се реши за конкретен потег на оваа тема е Нголо Канте, кој се понудил самиот да плати колку што ќе чини повторно да се стартува со потрага по исчезнатиот фудбалер.

Канте само неколку месеци му беше соиграч на Сала во Каен, но скромниот Французин важи за човек со големо срце, па реши да ги преземе работи во свои раце, за да помогне да се најде авионот што се урна додека неговиот пријател леташе во него кон Кардиф. Весникот „Тајмс“ објави дека Канте се распрашал за висината на сумата и се согласил истата да ја плати во целост, иако таа не е наведена во англискиот весник.

Проблем сепак претставува што согласно британските закони полицијата не смее да зема пари од физички лица, па сега се бара решение за и ова да биде надминато и час поскоро да се продолжи со потрагата по Сала.

Се вчитува...